Вториот денешен натпревар во рамките на осмото коло од белоруската Вишаја лига, на „Неман Стадион“, го одиграа екипите на Неман Гродно и Рух Брест.
На полувремето, резултатот изнесуваше 0-2 во корист на гостите од Брест, а стрелци беа Василјев (4′) и Гречихо (15′). Десет минути по почетокот на вториот дел, Седко преку пенал зголеми на 0-3, а во 68. минута, Кадимијан, со еврогол, намали на 1-3. На четири минути пред крајот на регуларното време, стрелецот на првиот гол, Василјев, заработи втор жолт картон и го остави својот тим со десет играчи на теренот. Сепак, Рух Брест и со играч помалку успеа да постигне велемајсторски погодок, а стрелец беше Андроник во 89. минута. До крајот, домаќините успеаја само да ја намалат предноста на 2-4 со вториот гол на Кадимијан во првата минута од судиското продолжение. Кадимијан, во осум натпревари оваа сезона, постигна дури шест погодоци и го дели првото место на листата на стрелците со Узбекистанецот Јахшибаев кој игра за Енергетик-БГУ.
Со оваа победа, Рух се искачи на петтата позиција, додека Неман се наоѓа на четиринаесеттото место, со пет поени предност и натпревар повеќе во однос на „загрозената“ екипа на Смолевичи.