
Во дванаесеттото коло од англиската Национална лига се случија промени при врвот на табелата.
Имено, во водство изби екипата на Рексам, која славеше над Олдам Атлетик со 1-2 со пресврт во самиот финиш.
Најпрво, Мајк Фондоп-Талум (26′) им донесе водство на домаќините, кое сепак не беше доволно за ниеден бод.
На пет минути пред крајот на регуларниот дел, Бен Тозер (85′) донесе израмнување за Велшаните, а пресвртот го комплетираше Пол Малин (90+6′), кој беше прецизен од белата точка за десеттиот овосезонски погодок.
Во прилог на Рексам му отиде и поразот на провизорниот лидер, Честерфилд, од Мејденхед со 1-2.
Од друга страна, Олдам падна на седумнаесеттата позиција, но привлече публика од 9496 гледачи што е најголем клупски број од дуелот против Ливерпул во ФА Купот во 2013.