Јапонскиот фудбалер, Такаши Инуи во 34 минута за Еибар на гостувањето против Бетис во желбата да постигне гол постапи многу наивно и после прегледување на снимката, голот му беше поништен.
Топката одеше во мрежа, но Инуи сакаше да го потврди голот со тоа што од самата гол-линија ја затресе мрежата. Проблемот е што Јапонецот беше во офсајд и не требаше да ја допре топката која и без тој да ја шутне, ќе ја минеше гол-линијата и во таков случај голот ќе беше признат. Сепак на крај Еибар дојде до победа од 0:2 и овој себичен кикс на јапонскиот играч ќе остане неказнето по неговиот тим.