Израелецот Исаак Хајик, кој минатата година беше голман за израелскиот нисколигаш Ирони Ор Јехуда, стана најстариот професионален фудбалер на свои 73 години.
Сепак, неговиот рекорд најверојатно ќе биде соборен годинава. Конкурентот на Хајик за поставување нов гинисов рекорд е Езелдин Бахадер. Еѓипќанецот има 75 години и веќе одигра еден натпревар за египетскиот третолигаш Алсадис мин уктубар (во превод – 6 октомври). Бахадер на овој натпревар постигна гол од пенал во завршните минути на натпреварот и со тоа постави рекорд за најстар стрелец. За да стигне до рекордот на Хајик за најстар фудбалер, Бахадер мора да забележи најмалку два порфесионални настапи. Наредниот натпревар најверојатно ќе го одигра на 21 март.
Имено, Бахадер е татко на четири деца и дедо на шест внуци.
„Станав најстар професионален фудбалер што постигнал гол на официјален натпревар. Тоа е нешто што го постигнав во последната минута од натпреварот, а мислев дека никогаш нема да го постигнам. Се повредив и сè што се надевав беше да ги одиграм сите деведесет минути и да го одиграм наредниот натпревар.“ – се огласи Бахадер по натпреварот.



