
Во осмото коло од АФЛ, Фриментл Докерс ја запишаа седмата овосезонска победа, декласирајќи ги Норт Мелбурн Кенгарус со убедливи (15.12) 102-24 (3.6).
Докерс водеа во текот на цел натпревар и клучната предност ја направија уште во првата четвртина, после која водеа со 31-2.
Во второто полувреме, домаќините од Западна Австралија примија само еден гол и три бихајнди, неутрализирајќи ги во потполност своите ривали.
Кај ,,Кенгурите”, Кем Зурхаар (2.1) постигна два гола, а уште еднаш прецизно помеѓу средните стативи стрелаше Калум Колман-Џонс (1.0).
На спротивната страна, најефикасни во нападот беа Бејли Банфилд (2.3), Мајкл Волтерс (2.1), Џаи Амис (2.0) и Сем Свитковски (2.0).
Со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Фриментл се искачи на првата позиција на табелата, додека Норт Мелбурн остана на претпоследното место.