Тинејџерот Николас Сири од целосен анонимус до пред неколку дена, сега е фудбалер за кого слушна целиот свет. Сири кој има само 16 години успеа да го сруши светскиот рекорд на легендарниот Пеле, кој беше недопирлив повеќе од 60 години.
Кралот Пеле беше рекордер како најмлад фудбалер кој постигнал хет-трик на сениорско ниво, кога во далечната 1958 година даде три гола на еден меч со само 17 години и 244 денови.

Сега Николас Сири го надмина ова постигнување на Пеле. Тинејџерот во дресот на Данубио, во дуелот против Бостон Ривер успеа да даде три гола, во меч од уругвајската Прва лига. Во прилог и видео: