Утревечер во Битола се игра осминафиналето од Лигата на Европа помеѓу Еурофарм Пелистер и Магдебург во „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.
Никола Маркоски: Секој натпревар со бундеслигаш е голем натпревар. Штета што нема публика да биде поинтересно? Ќе дадеме сè од себе да извелечеме добар резултат во Битола, па во реваншот ќе се бориме колку што можеме. Секако дека Германците се фаворити, ние ја имаме улогата на аутсајдери и наше е да покажеме дека тоа не е така. Карактеристиките за нивниот најдобар ракометар Безјак ни се познати. Добро влече полуконтра и игра еден на еден, така да ќе се обидеме да го затвориме. Голема улога во играта на Магдебург има и десниот бек со шутевите од надворешните позиции.