Маурисио Покетино со реми дебитираше на клупата на Пари Сен Жермен, откако францускиот првак одигра 1:1 во француското дерби против Сент Етјен. Покетино беше доведен на клупата на местото на Томас Тухел, кој доби отказ поради слабите резултати во првенството.
По 18 кола, ПСЖ е втор со 36 бодови и сега има три помалку од лидерот Олимпик Лион, кој победи против Ленс со 3:2. Сент Етјен поведе во 19 минута, но само три минути подоцна погоди Кин за гостите и израмни на 1:1