По повод завршувањето на 2020 година, во Пробиштип се организираше избор на најдобри тројца спортисти/ки кој што ја одбележаа на спортски план изминатата година. На прво место сосема заслужено се најде репрезентативниот одбојкар Иван Андонов кој што со националниот тим се пласира на Европско првенство.

Второ место го зазеде неговиот колега Филип Николовски, додека на трето место е Ели Јаковска, фудбалска репрезентативка на Македонија и членка на бугарски Локомотив од Стара Загора.

Единствено победникот Иван Андонов лично ја прими наградата, додека останатите наградени беа присутни членови од нивните семејства, поради професионални обврски. Организацијата на целокупното сценарио падна врз господинот Михајло Стојчевски во копродукција на Споρтот во Пρобиштип-Минато,сегашност и иднина. Во прилог и видео од доделувањето:

Видео: Пробиштип Инфо