Бешикташ го совлада Ерзурумспор со 4:0 во меч од 13-тото коло на турската Суперлига, а средбата ќе остане запаметена по атрактивниот погодок кој го даде хрватскиот дефанзивец Домагој Вида.

Вида постигна спектакуларен гол со пета ала Златан Ибрахимовиќ и покажа дека и дефанзивците можат да ги копираат најдобрите напаѓачи во светот. Хрватот во лет атрактивно со пета топката ја упати во противничката мрежа. Во прилог и видео: