
Во рамките на синоќешната НХЛ програма, Флорида Пантерс ги поразија Минесота Вајлд со 1-2 после пенали.
Во регуларниот дел, резултатот гласеше 1-1, а двата гола паднаа во втората третина во интервал од три минути.
Најпрво, водство на ,,Пантерите” им донесе Еету Луостаринен, а за поразениот тим израмни Кирил Капризов.
При пенал-серијата, единствен прецизен хокеар за домаќините беше Матс Зукарело, додека за гостите реализираа Финците Антон Лундел и Александер Барков.
Во Западната конференција, Минесота го зазема седмото место, додека Флорида е десетта на Истокот.