
Флорида Пантерс поведоа со вкупни 2-0 против Торонто Мејпл Лифс, иако важеа за аутсајдери.
Имено, во вториот четвртфинален дуел, ,,Пантерите” славеа на гостински терен со резултат од 2-3.
Домаќините, после неполни шест минути, веќе водеа со 2-0 при што, стрелци беа Александер Керфут и Рајан О’Рајли.
До крајот на првата третина, Антон Лундел намали на 2-1, а целосниот пресврт, Флорида го направи во интервал од 47 секунди на стартот на вториот дел преку Александер Барков и преку Густав Форслинг.