Филаделфија 76ерс (11-5) остануваат на врвот на Истокот како единствен состав со двоцифрен број на победи.
Синоќа, 76ерс ги совладаа Бостон Селтикс, кои го заземаат четвртото место со учинок од 8-6.
Резултатот на крајот гласеше 122-110 во корист на домаќините, кои стекнаа двоцифрена предност во третата и ја задржаа во текот на целата четврта четвртина.
Најефикасен на паркетот беше одличниот Џејлен Браун (Бостон), кој го изедначи својот рекорден број од 42 постигнати поени на еден натпревар.
Од друга страна, кај Филаделфија, Џоел Ембиид (38 поени и 11 скокови) и Бен Симонс (15 поени и 11 асистенции) остварија дабл-дабл учинок.
📸 Celtics Wire



