Германецот Јоханес Фетер стана единствениот човек, кој успеал да се приближи на помалку од еден метар на рекордот на Јан Железни од 1996!
Имено, станува збор за рекордот во фрлање копје што Чехот го постави во Јена и што изнесува 98,48 метри.
Денес, на меморијалниот настан во чест на поранешната олимписка шампионка во фрлање кладиво, Камила Сколимовска, во Хоржов, Полска, Фетер уфрли 97,76 метри и го постави вториот најдобар резултат во историјата.
Претходниот најдобар резултат на Фатер изнесуваше 94,44 метри што беше германски национален рекорд.



