Во рамките на 31. коло од турската Супер Лига, по 353. пат во историјата, силите ги одмерија жестоките градски ривали, односно Бешикташ и Фенербахче.
Имено, по 94. пат, ова дерби заврши со нерешен резултат, откако денешниот гласеше 1-1.
Во поголемиот дел од средбата, токму ,,Црно-белите” беа оние што ја држеа контролата во своите нозе.
Стрелец на единствениот погодок за Бешикташ беше хрватскиот интернационалец Домагој Вида (48′), кој погоди со глава по нафрлената топка на Рашид Гезал.
Од редовите на клубот од азискиот дел на Истанбул, најмногу се истакна голманот Алтај Бајиндир, кој и покрај примениот погодок, имаше неколку одлични одбрани.
Освен него, важна улога одигра и Озан Туфан, кој израмни на 1-1 во 89. минута.
Со новиот поен, Бешикташ и понатаму останува на врвот на табелата, додека Фенербахче го држи третото место.
📸 IHA Photo