
Светското првенство во алпско скијање беше отворено со женската трка во алпска комбинација во Куршевел, Франција.
Имено, на патеките за супервелеслалом и за слалом, најдобра беше Федерика Брињоне (1:57,47), која се закити со златниот медал.
Иако има богата кариера, за Италијанката ова беше ,,само” втор медал од Светските првенства, односно прв после среброто од велеслалом во Гармиш-Партенкирхен во 2011.
На втората позиција се искачи Венди Холденер (+1,62), освојувајќи го второто сребро од СП, додека, до прво одличје на мундијалите дојде Австријката Рикарда Хаасер (+2,26).
Во продолжение, под три секунди доцнеа уште две Австријки, односно Рамона Зибенхофер (+2,48) и Франциска Гритч (+2,71).