Првиот меч од 28. коло на англискиот Чемпионшип го одиграа екипите на Свонси и на Норвич, кои се борат за самиот врв.
На првиот меѓусебен дуел сезонава, Норвич славеше со минимални 1-0, а денес, Свонси ја продолжи одличната серија на домашен терен, триумфирајќи со 2-0.
Во тврд натпревар, ,,Лебедите” дојдоа до водство во 42. минута преку Андре Ају, кој најдобро се снајде по неспретната реакција на противничкиот голман Тим Крул.
На самиот старт на вториот дел, новото засилување на Свонси, Конор Хурихејн, постигна погодок на третиот меч во низа и зголеми на 2-0.
За Свонси, ова е осма победа на последните десет средби во сите натпреварувања што ги искачи до второто место на табелата со два бода, но и со натпревар помалку во однос на првопласираниот Норвич.
📸 Swansea City AFC
Видео: https://www.instagram.com/reel/CK7P0F3AJ7p/?igshid=1x0ushl2dehup