Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски и неговата Ал Феиха со 3-0 славеа против Ал Фатех во 26. коло од шампионатот на Саудиска Арабија.
Александар Трајковски постигна прекрасен гол во 95. минута од средбата за конечни 3-0 на мечот кога феноменално го лобуваше голманот од околу 40 метри. Покрај тоа Трајковски имаше и една асистенција за еден од погодоците и беше играч на натпреварот.