Во Белгија, на неделната велосипедска програма, беше еднодневниот класик ,,Лиеж-Бастон-Лиеж” во должина од 257,2 километри.
Сто и осмото издание на оваа трка му припадна на домашниот велосипедист, Ремко Евенепоел, кој ја помина делницата за 6:12:38 часа.
За Белгиецот, ова беше вкупно четврта еднодневна победа, односно прва после 28 август 2021.
Во продолжение, со 48 секунди заостаток, следуваше најбрзата група, од која, подиумот го комплетираа уште двајца Белгијци – Квинтен Ерман и Воут Ван Аерт.
Пласманот во првите петмина го комплетираа двајца претставници на Колумбија, односно Даниел Мартинез и Серхио Игита.