
Во рамките на Светскиот куп во ски скокови во женска конкуренција се одржува Силвестер Тур, кој е пандан на Новогодишната турнеја кај мажите.
Ова натпреварување се состои од четири натпреварувања, од кои, првото се одржа денес во Вилах, Австрија.
На него, до убедлива победа дојде домашната натпреварувачка, Ева Пинкелних, која беше првопласирана и после двете серии.
На втората позиција се искачи Ана Одине Стром, која се искачи на пиедесталот по вторпат во сезоната.
Најголемата битка се водеше за најниското место на подиумот при што, Ника Крижнар ги победи Александрија Лути и Марита Крамер за 0,4, односно за 0,6 поени.