Своевремено светскиот рекет број еден и двократен освојувач на ,,Вимблдон”, Енди Мареј, го даде своето мислење, односно ја изрази својата желба во врска со најактуелната тема деновиве – заминувањето на Меси од редовите на Барселона.
,,Знаеме дека Лионел Меси ќе замине од Барселона и една од главните идеи е дека …” – гласеше воведот на новинарите.
,,Тој ќе потпише за Хиберниан!” – надополни Мареј експресно.
Имено, Мареј е роден во Глазгов, Шкотска, но е огромен навивач на Хиберниан – клубот во којшто настапувал неговиот дедо од страната на мајка му – Рој Ерскин.