Репрезентацијата на Египет ќе има шанса да се искачи на тронот на Африканскиот куп на нации за првпат после 2010.
Во денешното полуфинале, Египќаните го совладаа домаќинот Камерун после пенали, откако резултатот остана 0-0 после два часа игра.
Во текот на мечот, Камерун делуваше за нијанса поквалитетно, пред сè поради погодените пречка и статива, но Египет успеа да го издржи притисокот.
Од изведувачите на Камерун, Винсент Абубакар беше единствен што го совлада Габаски, кој беше херој на Египет со двата одбранети пенали на Харолд Мукуди и на Силики Леа.
Од друга страна, за победничкиот состав прецизно стрелаа Зизо, Мохамед Абделмонем и Моханад Лашеен.
Во големото финале, Египет ќе ги одмери силите со Сенегал, односно на теренот ќе се соочат двете ѕвезди на Ливерпул – Мохамед Салах и Садио Мане.