
За првпат после повеќе од две години, Едмонтон Оилерс, на домашен терен, ги совладаа Торонто Мејпл Лифс, триумфирајќи со 5-2.
Уште во четвртата минута, Конор МекДејвид им донесе водство на Оилерс, но набргу, Давид Кампф израмни на 1-1.
До крајот на втората третина, МекДејвид, Зек Хајмен, Кајлер Јамамото и Клим Костин зголемија на 5-1 во корист на домаќините, а конечниот резултат го постави Митч Марнер.
Во Источната конференција, Торонто го зазема четвртото место, додека Едмонтон скокна на петтата позиција на Западот.