
Во триесеттото коло од англискиот Чемпионшип, Бирмингем дојде до изненадувачки триумф од 3-4 над Свонси.
Во раната фаза, Скот Хоган (п. 14′) им донесе водство на ,,Сините”, но до крајот на првото полувреме, Свонси направи пресврт преку Џоел Пироу (23′) и Лиам Кален (29′).
Десет минути по рестартот, Тахит Чонг (55′) донесе ново израмнување, а Пироу (58′), со вториот гол на мечот, ја врати предноста на ,,Лебедите” само три минути подоцна.
Сепак, претставниците на вториот најголем англиски град направија сензационален кам-бек во завршницата, благодарение на резервистот Лукас Јуткиевич (90′) и на Остон Трасти (90+7′).
Со новите три бода, Бирмингем скокна на осумнаесеттото место, оставајќи го Свонси на тринаесеттата позиција.