Од СП 2016, Нов Зеланд немаше победа над Австралија во крикет, односно во Т20 формат.
Сепак, популарните ,,Блек Кепс” веќе вторпат во три дена доаѓаат до триумф над Австралијците.
Синоќа, домаќините тесно славеа со резултат од 219/7 (20) – 215/8 (20).
Во првиот ининг, од новозеландските удирачи, најмногу се истакнаа Мартин Гаптил со 97 и Кејн Вилијамсон со 53 поени.
Кај Австралија, најдобри фрлачки перформанси имаше Кејн Ричардсон (3-43).
Во вториот ининг, Маркус Стоинис им донесе 78 поени на Австралијците, а Џош Филип и Даниел Семс додадоа уште по 45 и по 41 поен.
Од победничките фрлачи, најефикасен беше Митчел Сантнер (4-31), кој во тринаесеттиот оувер, од четири топки, освои три викети, прекинувајќи го Џош Филип и оставајќи ги Ештон Агар и Митчел Марш без ниеден поен.
📸 Joe Allison/Getty Images



