Енис Барди потврдува дека е во одлична форма на крајот од сезоната во шпанската Примера дивисион. Македонскиот репрезентативец на гостувањето во Виго кај Селта даде два гола уште во првите 28 минути. Првиот погодок Барди го постигна во 11 минута, кога одлично ја искористи асистенцијата и од позадина успешно биеше во голот на домаќините.
Во 28 минута, Барди по втор пат погоди и донесе капитална предност за Леванте, иако домаќините се под притисок дека мора да победат за да бидат сигурни дека нема да испаднат.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди игра фантастично и оваа сезона во дресот на Леванте. Барди на денешниот натпревар против Селта Виго кој заврши со резултат со 2:3 постигна два погодоци со кои сруши еден рекорд во тимот од Валенсија. Имено, Барди стана првиот странски играч во Леванте кој постигнал најмногу голови за Леванте во Ла Лига на 100 натпревари
Барди има 18 погодоци во 100-те натпревари кои ги има одиграно во тимот.
Интересот за него од останатите големи тимови е нескриен, а се погласно се шпекулира дека Арсенал го посакува во своите редови.