Македонската женска одбојка најчесто е на маргините на спортските случувања во државата, но во следната сезона ситуацијата може да биде поинаква, по најавите на управата на ЖОК Вардар за ангажирање на убавицата од Белорусија, Дарја Аврамчик.

Станува збор за 21-годишна одбојкарка, која на домашна сцена беше дел од тимот на Брест, а која веќе има и меѓународно искуство со настапи за екипи од Франција и од Словачка. Аврамчик во повеќе наврати го доби епитетот „најсексипилна спортистка“ во Белорусија, а дефинитивно важи и за една од најатрактивните во целиот свет.

Евентуалниот ангажман на младата Белорусинка е во насока за играње на Вардар на европска сцена минатата сезона, како потврда на квалитетот со оглед на пласманот на првото место до прекинот во домашното првенство поради пандемијата со коронавирусот.