Со тоа што славеа за првпат после шесте меѓусебни пресметки, Аризона Дајамондбекс ги спуштија ЛА Доџерс дури на четвртата позиција на табелата.
Имено, потполните аутсајдери синоќа ги надиграа актуелните шампиони со резултат од 7-2.
Домаќините удираа во осум ининзи и поентираа дури во шест од нив, додека Доџерс запишаа по еден поен во шестиот и во деветтиот период.
Единствена светла точка во гостинскиот состав беше Треј Тарнер, кој беше автор и на двете поентирања, откако двапати ја однесе топката на трибините.
На спротивната страна, хоум-ран запишаа Кетел Марте (+1) и Карсон Кели, додека по четири бази освоија уште Кристијан Вокер, Џејк МекКарти (х2) и Џош Рохас.
Главен адут во лимитирањето на гостинските удирачи беше стартниот фрлач на Дајамондбекс, Зек Гален, кој запиша осум страјк-аути и допушти само еден поен во првите шест деветтини.
И покрај победата, Аризона (50-105) остана на дното на Националната лига, а Доџерс (99-56) се четврти со две победи помалку од водечките Сан Франциско Џајантс.