Динамо Москва е последниот четвртфиналист на КХЛ, откако ја затвори осминафиналната фаза со триумф од вкупни 4-3 над Северстаљ Череповец.
Во ,,мајсторката” одржана во ,,ВТБ Арена”, Динамо во потполност го надигра својот ривал и победи со 2-1.
Домаќините упатија вкупно 39 шутеви кон голот на Владислав Подјаполски, а стрелци беа Иван Игумнов и Вјачеслав Војнов во првата третина.
Во преостанатите два периоди, гостите имаа 15 удари, а мрежата на Александер Јерјомрнко ја затресе само Јегор Морозов.
Во наредната рунда, Динамо ќе одигра градско дерби против ЦСКА Москва, која со убедливи 4-0 славеше над Локомотив Јарослављ.