Динамо Рига ја запиша третата победа во низа, откако денес, после продолжение, го совлада Витјаз Подолск со 3-4.
Воедно, за летонскиот состав, ова беше прв триумф во ,,Витјаз Ајс Палас” после 20 октомври 2018, кога славеше со 1-2.
После првите единаесет минути игра, Динамо поведе со 0-2 преку Хантер Шинкарук и Јере Карјалаинен.
Веќе во втората третина, Витјаз направи целосен пресврт, благодарение на Нико Ојамаки, на Валтери Кемилаинен и на Миро Аалтонен.
До крајот на вториот дел од мечот, Кристапс Сотниекс израмни на 3-3, а во втората минута од продолжението, Шинкарук, со вториот денешен гол, ја однесе победата во Летонија.
На табелата на Западната конференција, Динамо Рига скокна на осмото место, додека Витјаз ја зазема единаесеттата позиција.