
Во единствениот денешен натпревар од програмата на КХЛ, Динамо го совлада Спартак во дербито на Москва со 5-2.
После првата третина, ,,Сините” водеа со 2-1, а останатите четири гола беа постигнати во третиот период.
За номиналните гости, во листата на стрелците се запишаа Максим Чудинов и Шејн Принс.
Од друга страна, головите на Динамо ги дадоа Џордан Вил, Павел Кудрјавцев, Кирил Готовец (х2) и Максим Џиошвили.
Во Западната конференција, Динамо се наоѓа на петтото место, а Спартак остана на шестата позиција.
https://www.instagram.com/reel/CmZnq9Cv8PA/?igshid=YmMyMTA2M2Y=