Ненад Димитријевиќ одигра одлична сезона во дресот на Хувентуд и потврдува дека прераснува во одличен играч. Неговиот магичен потег на дербито против Барселона е прогласен за трет најдобар момент од кошаркарските терени во шпанското првенство.

На Топ-листата за најдобри потези во шпанската Ендеса лига за сезоната 2019/20 пред нашиот репрезентативец се единствено Џордан Мики (Реал Мадрид) и Џош Адамс (Уникаха).