Хувентут стигна до нова победа во најсилната шпанска лига. На домашен терен славеа над Манреса со 96:68. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра уште еден одличен натпревар, беше прв стрелец во неговиот тим со 14 поени (1/4 за три, 2/4 за два, и 7/7 за еден поен). Додаде четири асистенции и еден скок за 21:38 минути на паркетот за вкупен индекс 18.
По ова 34 коло од „Ендеса“ лигата, Хувентут има учинок од 18 победи и 14 порази и моментно е на седмото место на табелата.