Изминатиот викенд, во Олимпија Филдс, Илиноис, беше одржан голф турнирот ,,БМВ Чемпионшип” по четиринаесетти пат досега.
Првопласираниот на светскиот ранкинг, Шпанецот Џон Рам, ја забележи својата прва победа на овој турнир и воедно, својот петти ПГА триумф. 25-годишниот голфер, по крајот на четвртиот ден, ја делеше првата позиција со Американецот Дастин Џонсон со освоени (-4) поени, но го победи во меѓусебниот плејоф со (-1) – 0.
Третото место, со (-2) поени, го поделија Хидеки Матсујама и Хоакин Ниман.