Авангард Омск дојде до третата последователна победа, откако денес го совлада Јокерит после продолжение со 3-2.
Имено, Јокерит двапати водеше благодарение на Никлас Јенсен, а домаќините двапати израмнуваа преку Јегор Чинахов и Сергеј Шумаков.
Во продолжението, деветнаесетгодишниот Чинахов го заби и својот втор гол на мечот за третата победа на Омск над Јокерит во нивните пет последни меѓусебни средби.