
Иако сезоната само што започна, Детроит Ред Вингс и Тампа Беј Лајтнинг веќе го одиграа еден од најефикасните натпревари.
Имено, во својот прв овосезонски натпревар, Ред Вингс беа поразени од актуелните шампиони со високи 6-7 после продолжение.
После првата третина, Дилан Ларкин беше единстцен стрелец за Детроит, после кој следуваше хет-трикот во интервал од дванаесет минути на неговиот соиграч – Тајлер Бертуци.
Во меѓувреме, Ларкин доби сериозна дисциплинска казна, откако во средината на вториот период, изреагира крајно неспортски кон Матје Џозеф.
Сепак, до крајот на вториот дел, Лајтнинг се вратија резултатски во игра со двата пауер-плеј голови на капитенот Стивен Стамкос и со првиот погодок на Ондреј Палат.
Во последната третина, Бертуци уште еднаш се запиша во листата на стрелците за Детроит, заедно со Владислав Наместников, додека израмнување за Тампа Беј донесоа Рос Колтон, Никита Кучеров и Алекс Килорн.
Во дополнителниот период, после 02:43 минути игра, првата овосезонска победа на актуелните шампиони им ја донесе гореспоменатиот Палат со својот втор гол на мечот.



