Мемфис Гризлис е единствениот тим од цела НБА лига, кој во моментот има актуелна серија од десет последователни триумфи.
Јубилејната десетта победа во низа, Гризлис ја запишаа синоќа, славејќи во дербито над Голден Стејт Вориорс со 116-108.
Натпреварот беше неизвесен со водство и на двете страни, но во завршниот дел на четвртата четвртина, Мемфис ја презеде контролата во свои раце.
Од победничкиот состав, Џерен Џексон запиша дабл-дабл од 13 поени и од 11 скокови, а Џа Морант беше најефикасен со 29 поени.
Кај Вориорс, Стеф Кари уфрли трипл-дабл (27 кошеви, 10 скокови и 10 асистенции), а втор стрелец, со 14 поени, беше Клеј Томпсон.
Со десеттиот пораз во сезоната, Вориорс (30-10) останаа на второто место во Западната конференција, додека Мемфис (29-14) се наоѓа на четвртата позиција.