
Дери стана единствениот шампион од четирите дивизии на Националната Фудбалска Лига во оваа сезона, кој ја освои титулата без ниеден пораз.
Претставниците на Северна Ирска, во финалето на третата дивизија, убедливо го надиграа Офали со (0-21) 21-9 (1-6).
Победничкиот состав беше убедлив во текот на цел натпревар, а на полувремето имаше предност од 10-6.
,,Црвено-белите” можеа дополнително да ги зголемат маргините на триумфот, но дефанзивецот на Офали, Питер Канингем, застана на голот наместо исклучениот голман, Педи Даникан и одбрани пенал во судиското продолжение.
Од поразениот состав, најефикасен беше Сијан Фарел (0-4), а стрелец на единствениот погодок беше Оин Керол (1-0).
На спротивната страна, со седум поени, најрасположен беше Шејн МекГуиган.
Веќе наредната недела, Офали ќе се соочи со Лаут во првото коло од Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип, додека првиот настап на Дери во истото натпреварување е закажан за вториот викенд од јули.