Спортинг Лисабон синоќа со минималните 1:0 го продолжи походот кон титулата во Португалија, а во средбата се испиша историја за ,,Лавовите” од Лисабон. Талентираниот играч за врска Дарио Есуго, се запиша во рекордните книги како најмлад дебитант во клупската историја со само 16 години и пет дена.
Тинејџерот влезе во игра во 84-тата минута на местото од Жоао Марио. По мечот, емоциите преовладоа, па Есуго се расплака на теренот, додека соиграчите му честитаа за неговото достигнување.