Агим Ибраими (Кукс, Албанија) и Стефан Ашковски (Ботошани, Романија) се повикани во А репрезентацијата на Македонија за квалификациските натпревари за СП против Романија (25. март), Лихтенштајн (28. март) и Германија (31. март).
Иван Тричковски поради повреда заедно со Ѓоко Зајков и Тихомир Костадинов нема да бидат дел од подготовките и мартовските натпревари на македонската А репрезентација.