Екипите на Џенова и на Верона ремизираа со 2-2 во рамките на 23. коло од италијанската Серија А.
На мечот, Верона двапати поведуваше, а Џенова двапати израмнуваше за да дојде до конечното реми.
Во првото полувреме падна само еден погодок, кој беше дело на Иван Илиќ (17′) за почетно водство на гостинскиот состав.
Само две минути по влегувањето во игра, Елдор Шомуродов (48′) успеа да израмни на 1-1 со својот трет лигашки гол во дресот на Џенова.
Со првиот овосезонски погодок, Давиде Фараони (61′) ја врати предноста на својот состав, а конечниот резултат го постави Хрватот Милан Бадељ (90+4′) со својот дебитантски гол за Џенова.
Освен со доцните испуштени поени, Верона треба да жали и за дцете промашени прилики на новото засилување од редовите на Удинезе – Кевин Лазања.
Шестиот меч во низа без пораз ја искачи Џенова до единаесеттото место, додека Верона, со новиот поен, се наоѓа на деветтата позиција.
📸 Twitter: Genoa CFC