Втор ден во низа, во шведскиот Оре, беше одржана трка во слалом во рамките на Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција.
До првата победа во кариерата во Светскиот куп дојде Катарина Линсбергер (+1:47,93), која имаше неверојатна втора серија.
Имено, 23-годишната скијачка стана првата Австријка што славела во слалом после 2014, кога Никол Хосп беше најбрза во Аспен.
Првопласираната после првото скијање, Микаела Шифрин (+0,72), го освои второто место, а по 27. пат на подиум се искачи искусната Венди Холденер (+1,65).
Германката Лена Дир (+1,78) беше четврта, а до најдобриот личен резултат, односно до петтата позиција, дојде Американката Пола Молтцан (+2,00).
Вчерашната победничка и водечката во генералниот пласман, Петра Влхова, иако имаше фаворитска улога, потполно потфрли во првата серија (+2,95), заземајќи ја 27. позиција.
Сепак, со најдоброто второ скијање, Словачката успеа накрај се пласира на одличното, земен предвид претходниот пласман, осмо место (+2,71).
📸 Slavko Midzor/Pixsell/MB Media/Getty Images