Македонскиот артист Дарко Гелев – Брејк го претстави својот најнов музички проект, зад кој стои внимателно одбрана и докажана авторска екипа.
Музиката е дело на Никола Перевски, додека текстот го потпишува Игор Џамбазов. За аранжманот, како и за миксот и мастерингот, се погрижи Дарко Димитров, давајќи му на проектот современ и моќен звук.
Видеоспотот е реализиран во продукција на Fresh Union © 2026, со режија и монтажа на Огнен Шапковски. Главната улога во спотот ја толкува Александра Попова, која со својата појава и емоција дополнително ја збогатува визуелната приказна.




