
Далас Старс дојдоа до првата ,,меч-топка” за пласман во четвртфиналето на НХЛ, поведувајќи со 3-2 против Минесота Вајлд.
Во петтиот дуел од меѓусебната серија, ,,Ѕвездите” го искористија домашниот терен и триумфираа со 4-0.
Домаќините постигнаа два гола во првата и по еден гол во наредните две третини, а во листата на стрелците влегоа Тајлер Сегуин, Џејсон Робертсон, Мејсон Марчмент и Тај Деландреа.
Голманот на победничкиот состав, Џејк Отингер, го запиша првиот шут-аут во тековниот плејоф со 27/27 одбрани.