
Во директен дуел за изборување на плејоф од Западната конференција, Далас Старс ги поразија Вегас Голден Најтс на пенали (3-2).
После регуларниот дел, резултатот гласеше 2-2, при што, гостите од Невада поведуваа двапати, а домаќините израмнуваа во два наврати.
Двоен стрелец за Старс беше Џејсон Робертсон, додека за Голден Најтс погодија Вилијам Кериер и Чендлер Стивенсон.
Во пенал-серијата, победникот беше одлучен со седмите изведувања, кога реализираше само Миро Хеисканен.
На табелата, Далас остана на осмото место и има четири поени предност пред деветтопласираниот Вегас на два натпревари пред крајот на регуларната сезона.