Денвер Нагетс ја започнаа новата НБА сезона со победа, односно со ,,возвраќање на ударот”.
Всушност, момците од Колорадо славеа со 98-110 над Феникс Санс и на тој начин делумно им се одмаздија за елиминацијата од четврт-финалето минатата сезона.
Кон крајот на првото полувреме, Санс имаа предност и од +16 во еден наврат, но со клучната серија од 22-8 од крајот на втората до почетокот на третата четвртина, Нагетс го презедоа водството.
Предводник на Денвер на овој натпревар беше Никола Јокиќ со дабл-дабл учинок од 27 поени и од 13 скокови.
На спротивната страна, две двоцифрени статистики имаше Крис Пол (15 кошеви и 10 асистенции), а ефикасни беа уште Деандре Ејтон (15 поени) и Мајкл Бриџес (16 поени).