ЦСКА Москва дојде на само чекор од пласман во финалето на КХЛ, откако поведе со вкупни 3-0 против СКА Ст. Петербург.
Имено, денес претставниците на главниот град на Русија славеа во Ст. Петербург со 2-5.
После неполни две минути игра, СКА поведе со 1-0, откако прецизно стрелаше Евгениј Тимкин.
Во втората третина, ЦСКА направи целосен пресврт и стекна позитива од 1-3 со головите на Антон Слепишев, на Џон Гилмур и на Максим Шалунов.
Во третиот период, Игор Ожиганов намали на 2-3, но во последните сто секунди, Мет Робинсон и Константин Окулов го поставија конечниот резултат.
📸 Twitter: ХК ЦСКА Москва



