
ЦСКА Москва стекна водство од вкупни 2-1 во полуфиналето на КХЛ, совладувајќи го СКА Ст. Петербург со 4-0.
На мечот, домаќините постигнаа по два гола во втората и во третата третина.
Во листата на стрелците за победничкиот состав се запишаа Константин Окулов, Владислав Каменев, Максим Соркин и Фредрик Клаесон.
Голманот на ЦСКА, Адам Рајдеборн, ги одбрани сите 26 противнички шутеви за третиот шут-аут во тековниот плејоф.