
Откако Јокерит се откажа од КХЛ, директен пласман во четвртфиналето обезбеди Спартак Москва.
Сепак, како прв тим што компетитивно ја помина осминафиналната фаза од Западната конференција е ЦСКА Москва.
Армискиот тим од руската престолнина му направи ,,чистка” на Локомотив Јарослављ, поразувајќи го со вкупни 4-0.
Во четвртиот меѓусебен плејоф натпревар, ЦСКА победи со резултат од 1-4.
Гостите најпрво поведоа преку Владислав Каменев после седумдесет секунди игра, a осум минути подоцна, Јегор Коршков израмни на 1-1.
До крајот на првата третина, Владислав Проволнев ја врати предноста на страната на гостите, а во третиот дел, конечниот резултат го поставија Михаил Григоренко и Павел Карнаухов.