
ЦСКА Москва ја спаси првата ,,меч-топка” на Металург Магнитогорск, откако го намали вкупниот резултат на финалната серија на 3-2.
Во петтиот меѓусебен натпревар, одигран во ,,Арена Металург”, гостите од руската престолнина славеа со 2-3 после продолжение.
Во втората третина, Константин Окулов погоди за 0-1, а на стартот на третиот дел, Металург направи пресврт преку Максим Карпов и преку Јегор Коробкин.
На шест минути пред крајот на регуларниот дел, Максим Соркин израмни на 2-2, а после тринаесет дополнителни минути Клас Далбек стрелаше за конечен триумф на ЦСКА.
На овој меч, голманот на Металург, Васили Кошечкин, постави рекорд на КХЛ за најмногу време без примен погодок во финалните серии (192 минути и 23 секунди).



